PLAY RADIO

МАРКЕТИНГ

PLAY RADIO е правилниот избор на радио на кое рекламирањето ќе ви овозможи директно да им се обратите на слушателите кои се ваш таргет.

Соработувај со најдобрите:

marketing@playfm.mk

Зошто Плеј Радио ?

Плеј е модерно радио, форматирано според потребите на слушателите. Први сме по слушаност во Струга и околината, со тренд на постојан раст на слушаноста. Огласувачите се наши партнери со кои сакаме да оствариме долгорочна соработка со взаемна корист. Ние нудиме, од класични рекламни кампањи, до промоции и спонзорства изработени по мерка.

Постојано работиме на нови креативни решенија. Ги следиме глобалните трендови во радио рекламирањето и ги прилагодуваме на нашиот пазар.

Кој не слуша ?

Истражувањата покажуваат дека подеднакво сме слушани и кај машката и кај женската популација. Просечната возраст на еден слушател на Плеј изнесува 20-65 години.

Целната група што ја таргетираме е на возраст помеѓу 20 и 65 години, за која е и прилагодена програмата на Плеј.

Ги пуштаме најголемите хитови од 70-тите до денес. Добро познатите 70-ти и 80-ти се добар контраст со големиот број нови хитови што ја прават нашата програма секогаш свежа.

Постојано работиме на збогатување на програмските содржини. Покрај музиката, слушателите секогаш можат да ги очекуваат најрелевантните информации од нас, што им заштедуваат време, пари и нерви.

Каде и како не слушаат ?

Присутни сме насекаде, во Струга и Охрид преку FM сигналот на фрекфенција од 90.4 MHz, низ Македонија и светот преку интернет стриминг на www.playfm.mk и мобилните апликации.

НЕКОЛКУ ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА СЕ РЕКЛАМИРАТЕ НА ПЛЕЈ РАДИО:

  1. Вашата порака е директно насочена кон вашите клиенти.

Различни радија привлекуваат различни слушатели. Правилниот избор на радио на кое ќе се рекламирате ви овозможува директно да им се обратите на слушателите кои се ваш таргет.

  1. Радиото стигнува до слушателот во вистинско време и на вистинското место.

Повеќето слушатели на радио, при слушањето на радио прават и нешто друго. Ова значи дека дека до слушателот можете да допрете во клучните моменти, кога е на пат кон работа, на работното место, сурфа на интернет, пред излегување итн. Сега кога радиото е достапно на паметните телефони и на интернет, тие клучни моменти се уште поприсутни. Истражувањата покажуваат дека рекламирањето кое е релевантно во однос на она што луѓето го прават тогаш, има 60% поголема веројатност да биде забележано.

  1. Во свет каде што од сите страни сме нападнати со рекламирање, радиото допира од слушателите.

Истражувањата покажуваат дека радиото има најниско ниво на избегнување на рекламирањето, односно луѓето ретко менуваат станици и се подготвени да ја слушнат секоја порака што им е релевантна, креативна и интересна. Ова е одлична можност да се рекламирате за да придобиете нови клиенти или на постојните да им кажете нешто што не го знаеле.

  1. Радиото има мултипликативен ефект врз рекламирањето во другите медиуми.

Кога на рекламирањето на телевизија, интернет или во печатен медиум ќе го додадете и радиото, ефектот на рекламирањето расте многукратно. Докажано е дека повратот на инвестицијата е повеќекратен бидејќи слушателите-потрошувачите стануваат посвесни за производот што се нуди.

  1. Радиото создава брендови.

На ист начин на кој што радиото создава музички хитови, создава и брендови. Ова е поради две причини, прво, затоа што успешните радио кампањи имаат многу реклами во кампањата, и второ, затоа што слушателите слушаат радио долго време (во просек 14 часа неделно). Со релативно мала инвестиција, можете да создадете голем бренд преку рекламирање на радио.

  1. Радиото е пријател.

Слушателите радиото го користат од емотивни причини, за да се расположат, да не им е досадно во автомобилот или да не се чувствуваат изолирани додека ги извршуваат секојдневните работи. Ова ги наведува да го гледаат радиото како пријател, а ова е многу вреден контекст во кој се појавува огласувачот. Уште помоќно е кога рекламирањето се проширува преку брендирана содржина, спонзорства и промоции. Кога водителот на радио зборува за „нашите пријатели во компанијата X“, слушателот слуша за пријател на пријателот, а ова има силен ефект врз перцепцијата на брендот.

Менаџер

Ниџо

ДЏ Ниџо и неговиот избор на музика можете да го слушате во неговото радиско шоу "Metropolitan Groove" секој петок од 21:00 до 23:00 часот......

Водител

Тања Бах

Со Тања, се дружиме секој петок од 20:00 до 21:00 во емисијата ПЛЕЈ СЕЛЕБРИТИ ТОП 10, сабота од 11:00 до 12:00 – МАК ТОП 5 и сабота од 14:00 до 16:00 – ПЛЕЈ ТОП 20......

ДЕЛ ОД НАШИТЕ КЛИЕНТИ:

КОНТАКТ

ул. Маркс Енгелсова бр. 32/А

6330 Струга, Македонија

Тел: 077 886 314

info@playfm.mk

marketing@playfm.mk

СЛУШАЈТЕ НЕ ПРЕКУ ВАШАТА ОМИЛЕНА АПЛИКАЦИЈА

0%